Vrabotuvanje.com - Повеќе од 5000 прекршоци регистрирани, продолжува поставувањето на камери низ Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

Повеќе од 5000 прекршоци регистрирани, продолжува поставувањето на камери низ Скопје

Министерството за внатрешни работи интензивно поставува камери на крстосници и булевари низ Скопје како дел од проектот „Безбеден град“.

Повеќе од 5000 прекршоци регистрирани, продолжува поставувањето на камери низ Скопје

Новите камери, кои веќе се инсталирани на улицата Васил Чакаларов, ќе помогнат во санкционирање на разни сообраќајни прекршоци како брзо возење и поминување на црвено светло.

Иницијативата наскоро ќе се прошири и во други градови како Тетово и Куманово, а и на клучни автопатишта.

За ефективно функционирање на системот се предвидени и законски измени.

Првичните тестови покажаа дека системот за кратко време успешно детектирал над 5.000 прекршоци.

Извор: 4news.mk

 
 
 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more