Vrabotuvanje.com - Бабите и дедовците во Шведска можат да добијат додаток за грижа за нивните внуци
Share
Tweet
Share
Send to friend

Бабите и дедовците во Шведска можат да добијат додаток за грижа за нивните внуци

Во Шведска почна да се применува нов закон што им дозволува на бабите и дедовците да добиваат платено родителско отсуство додека се грижат за своите внуци до три месеци во текот на првата година на детето.

Бабите и дедовците во Шведска можат да добијат додаток за грижа за нивните внуци

Шведскиот парламент го одобри минатиот декември владиниот предлог за трансфер на родителски додаток. Тоа се случува 50 години откако Шведска стана прва во светот која воведе платено родителско отсуство за татковците, а не само за мајките.

Според новиот закон, родителите можат да префрлат дел од додатокот за родителско отсуство на бабата и дедото на детето.

Родителска двојка може да префрли најмногу 45 дена на други, додека самохран родител може да пренесе 90 дена, објави Шведската агенција за социјално осигурување.

Родителскиот додаток во Шведска се исплаќа за 480 дена или околу 16 месеци по дете.

Извор: alsat.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more