Vrabotuvanje.com - Дали Германија е ветената земја? Се повеќе работници се жалат дека не е!
Share
Tweet
Share
Send to friend

Дали Германија е ветената земја? Се повеќе работници се жалат дека не е!

Германија со години важи за една од најпосакуваните земји за работа. Сепак, колку се задоволни вработените во Германија? Новото издание на истражувањето на Галуп за европскиот пазар на труд покажува: Сè помалку !, пренесува германската новинска агенција .

Дали Германија е ветената земја? Се повеќе работници се жалат дека не е!

Денес, помалку од половина, само 45 отсто од работниците во Германија се задоволни и оптимисти. Само од минатата година процентот на незадоволни порасна за 8 проценти.

Според уделот на задоволни работници, Германија сега е само 20-та во Европа. Финска е прва со 83 отсто задоволни вработени, пред Данска и Исланд со 77 и 76 отсто.

Германските работници особено се жалат на стрес – иако уделот на луѓето со ова тврдење е намален за еден процент од пред една година, со 41 процент се уште е во горната третина од европската табела.

За споредба: 35 отсто од вработените во Австрија и 30 отсто во Швајцарија се жалат на стрес.

Целиот текст прочитајте го на: emigriko.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more