Vrabotuvanje.com - Продолжен е рокот за поднесување на барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година
Share
Tweet
Share
Send to friend

Продолжен е рокот за поднесување на барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година

Продолжен е рокот за поднесување на барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година

Ги известуваме земјоделските стопанства дека рокот за поднесување на барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година е продолжен до 31 јули.

Во овој период се поднесуваат барања за:

– растително производство по обработлива земјоделска површина со поледелски и градинарски култури, за одржување на постоечки површини со овошни и лозови насади како и површина за производство на сертифициран семенски и саден материјал,

– сточарско производство за обележани грла говеда, овци и кози, за маторици, презимени пчелни семејства како и за заклани говеда и гоеници во кланица,

– органско земјоделско производство.

Барањата се поднесуваат во електронскиот систем на Агенцијата од страна на земјоделското стопанство а доколку имаат потреба од помош можат да се обратат во подрачните единици на МЗШВ.

Линкот за пристапување до апликацијата е:

www.ipardpa.gov.mk  – Директни плаќања е-субвенции.

Со отварање на овој линк, во полето „Известувања/упатства“ достапни се деталните упатства за поднесување на барањето, Листата на потребни документи како и Програмата и Уредбата за директни плаќања во кои детално се претставени условите и висината на финансиската поддршка.

извор: biznisinfo.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more