Vrabotuvanje.com - Неповолните временски услови, главна причина за откажување на летовите
Share
Tweet
Share
Send to friend

Неповолните временски услови, главна причина за откажување на летовите

Доцнат летовите низ речиси целиот свет. Голем дел и се пренасочуваат. Метеж на аеродромите, нервозни патници кои со часови чекаат да полетаат до резервираната дестинација.Според авиокомпаниите и надлежните, неповолните временски услови се главна причина. Над 200 жалби годишно стигнуваат на адреса на Агенцијата за цивилно воздухопловство...

Неповолните временски услови, главна причина за откажување на летовите

Одложени и откажани летови, нервозни патници кои со часови чекаат на терминалите, вообичаена слика на аеродромите во летната сезона со зголемена фреквенцијата во авиосообраќајот. Надлежните и компаниите велат причина се нестабилните временски услови, но ситуацијата директно удира по туризмот.

Од 250 до 600-тини евра е обесштетувањето што треба да го добијат патниците кои ќе се најдат во ваква ситуација, во зависност од оддалеченоста на дестинацијата. Авиокомпаниите се должни да им обезбедат и хотелско сместување, превоз од аеродромот до хотелот и оброк.

Над 200 жалби годишно се доставуваат до АЦВ, а во тек е процесуирањето на 70-тина.

Извор: mrt.com.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more