Vrabotuvanje.com - Дали вреди: Тука квадрат чини скоро 5.000 евра
Share
Tweet
Share
Send to friend

Дали вреди: Тука квадрат чини скоро 5.000 евра

Дали вреди: Тука квадрат чини скоро 5.000 евра

Најскапиот квадрат на Јадранот е во Бале со просечна цена од близу 5.000 евра. 

Kaко што објавија хрватските даночници, најскапиот квадрат на Јадранот е во малото истарско гратче Бале во близина на Ровињ.

Овој податок ги изненади и Хрватите, затоа што се работи за место со само 1.300 жители. Лани таму се продадени 15 станови по просечна цена од 4.839 евра за квадрат.

Како што јави ХРТ, во ова место сè повеќе се доселуваат млади брачни парови кои градат или купуваат куќи, сметајќи го идеално за одгледување деца. Луксузните објекти ги привлекуваат странците.

Градежните дозволи во Бале се издаваат за само неколку дена. Општината може да се пофали со ефикасна бирократија и одлична локација, пренесува ХРТ.

На Бале нема многу станови и преголема градба, а бројот на туристички легла е намален од десет илјади на четири илјади.

Даночната управа на Хрватска лани забележала речиси 29.000 продажби на станови низ целата држава, што е намалување за 6,9 отсто во однос на претходната година. 

извор: faktor.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more