Vrabotuvanje.com - Од денес поскапуваат цените на патарините во Србија
Share
Tweet
Share
Send to friend

Од денес поскапуваат цените на патарините во Србија

Од полноќ патарините во Србија поскапеа за 10 отсто, според новиот ценовник на Патишта на Србија.

Од денес поскапуваат цените на патарините во Србија

Новата патарина од Белград до Ниш ќе биде 1.130 динари(9,65 евра), а од Белград до Димитровград 1.670 динари(14,28 евра).

Патарината на релација Белград – Суботица е 800 динари(6,84 евра), а од Белград до Шид 500 динари.

Од Обреновац до Прељина новата патарина е 560 динари(4,79 евра).

Ако одите од Белград до Врбас ќе платите 470 динари(4,02 евра), а од Белград до Баточина 500(4,27 евра).

Од Патишта на Србија велат дека корисниците на електронска наплата, како и досега, ќе имаат попуст од шест проценти, како и камионите со мотори „евро 6“ од 10 проценти.

Министерот за транспорт, градежништво и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ најави формирање компанија за наплата, бидејќи отсега патарина ќе се наплаќа и на брзите патишта.

Извор: denar.mk

 
 
 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more