Vrabotuvanje.com - Најдолго се престојува во приватни соби, кај хотелите омилени се оние со четири ѕвезди – туристите се враќаат, ќе успееме ла да привлечеме повеќе
Share
Tweet
Share
Send to friend

Најдолго се престојува во приватни соби, кај хотелите омилени се оние со четири ѕвезди – туристите се враќаат, ќе успееме ла да привлечеме повеќе

Најдолго се престојува во приватни соби, кај хотелите омилени се оние со четири ѕвезди – туристите се враќаат, ќе успееме ла да привлечеме повеќе

Бројот на туристи речиси се дуплирал за период од десет години, покажува анализата на Државниот завод за статистика. Од 701.794 туристи во 2013 година, нивниот број достигнал 1.168.730 посетители. Иако бројките на туристи во другите земји растат уште повеќе, сепак, растот воопшто не е за потценување, имаќи предвид дека Македонија сепак не е земја која излегува на море. Дополнително голема кочница за туристичкиот сектор беше пандемијата со Ковид, кога се затвораа граници, се апелираше на изолации, но по силниот удар на рестирктивните мерки, бројот на тристи повторно почна да расте.

Бројките говорат дека имаме поголем раст на странските труристи, отколку кај домашните. Па така ако во 2013 година имало 302 илјади домашни туристи, нивниот број пораснал на 434 илјади во 2023 година. Од друга страна странските турсти се повеќе од дуплирани. Во 2013 имало 399 илјади странски посетители, додека во 2023 година нивниот број достигнал 734.139 гости.

БАРАТЕ РАБОТА?

- Бројот на туристите во 2023 година изнесува 1.168.730, од кои 37,2 отсто се домашни туристи, а 62,8 проценти се странски туристи. Во споредба со претходната година, се забележува зголемување на странските туристи за 36,6 отсто.

Бројот на ноќевањата во 2023 година изнесува 3.135.767, од кои 55,1 процент се од домашните туристи, а 44,9 отсто од странските туристи. Во споредба со претходната година, бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 22,9 проценти – посочуваат статистичарите.

Целиот текст можете да го прочитате на faktor.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more