Vrabotuvanje.com - Во среда јави му се на министерот за здравство!
Share
Tweet
Share
Send to friend

Во среда јави му се на министерот за здравство!

Секоја среда граѓаните ќе може телефонски да разговараат со министерот за здравство

Во среда јави му се на министерот за здравство!

Министерството за здравство отвори директна телефонска линија за комуникација на граѓаните со министерот Арбен Таравари.

– Граѓаните имаат можност да ги споделат своите предлози за здравствена заштита, да пријават неправилности, да упатат пофалби за работата на здравствените работници и да предложат идеи за реформи на телефонскиот број – 072/899001 – се наведува во денешното соопштение на Министерството за здравство.

Како што се додава во соопштението, граѓаните имаат можност и за лична комуникација со министерот, за време на отворениот ден – секоја среда од 13.30 до 16 часот.

Извор: novamakedonija.com.mk

 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more