Vrabotuvanje.com - ПОМАЛКУ САДИМЕ, УШТЕ ПОМАЛКУ ПРОИЗВЕДУВАМЕ – се намалуваат површините под пченица, но и доматите се помалку „раѓаат“
Share
Tweet
Share
Send to friend

ПОМАЛКУ САДИМЕ, УШТЕ ПОМАЛКУ ПРОИЗВЕДУВАМЕ – се намалуваат површините под пченица, но и доматите се помалку „раѓаат“

ПОМАЛКУ САДИМЕ, УШТЕ ПОМАЛКУ ПРОИЗВЕДУВАМЕ – се намалуваат површините под пченица, но и доматите се помалку „раѓаат“

Намалување на засадените површини со земјоделски продукти бележи државниот завод за статистика во последната анализа „Македонија во бројки“.

Пад кај обработените површини има кај повеќето култури, а зачудува фактот што и покрај растот на површините кои се засадени со некои култури, како што се доматите, има намалување на произведените количини.

-  Растителното производство во периодот од 2013 до 2023 година се карактеризира со намалување на површините под пченица и тутун, а површините на јачмен и домати бележат пораст – посочуваат статистичарите.

Бараш работа во СТРАНСТВО?

Бројките покажуваат дека површините во Македонија „покриени“ со пченица значително се намалиле, па од некогашните 80.980 хектари, во текот на минатата година со оваа житна култура биле засеани само 69.522 хекатри.

Намалување имаме и кај засадените јаболки и винови лози. Имено од 4.385.971 засадени јаболка во 2013 година, нивниот број се намалил на 4.056.034 стебла минатата година.

Исто така и кај грозјето има намалување, па од 82.354 илјади родни пенушки во 2013 година, нивниот број се спуштил на 78.778 илјади стебла минатата година.

Од друга страна статистичарите утврдиле дека кај засадените површини со домати имаме раст. Па од 5.457 хектари во 2013 година, површините на кои се засадува овој зеленчук се зголемиле на 5.666 хектари.

Целиот текст можете да го прочитате на faktor.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more