Vrabotuvanje.com - ГРЦИЈА ГО НАМАЛИ РАБОТНОТО ВРЕМЕ - еве за кои работници нема работа од 12 до 17 часот
Share
Tweet
Share
Send to friend

ГРЦИЈА ГО НАМАЛИ РАБОТНОТО ВРЕМЕ - еве за кои работници нема работа од 12 до 17 часот

ГРЦИЈА ГО НАМАЛИ РАБОТНОТО ВРЕМЕ - еве за кои работници нема работа од 12 до 17 часот

Грција им нареди на некои работодавци да ги суспендираат своите вработени од тешката работа на отворено оваа недела во попладневните часови, бидејќи целата земја се соочува со топлотен бран.

Градежни работници, доставувачи на храна, курири и работници во бродоградилиштето се меѓу оние кои мора да паузираат од работа од пладне до 17 часот до петок, бидејќи се очекува живата да достигне 42 до 43 степени Целзиусови во делови од Грција, соопшти грчкото Министерство за труд, пренесува Ројтерс.

Грција од јуни се соочува со топлотни бранови, а поради високите температури и ветерот избувнаа неколку шумски пожари.

Поголемиот дел од Грција со месеци е без дожд или со многу малку врнежи, а грчките острови, кои се собиралиште на милиони туристи во текот на летото, се соочуваат со недостиг на вода.

Најмалку шест туристи, меѓу кои и познатиот британски телевизиски водител Мајкл Мозли, починале минатиот месец како последица на екстремните горештини, потсетува британската агенција.

Метеоролозите не очекуваат значително опаѓање на температурата до крајот на јули.

извор: faktor.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more