Vrabotuvanje.com - Пешачењето само 21 минута во текот на денот го намалува ризикот од овие болести
Share
Tweet
Share
Send to friend

Пешачењето само 21 минута во текот на денот го намалува ризикот од овие болести

Пешачењето само 21 минута во текот на денот го намалува ризикот од овие болести

Според некои проценки, пешачењето само 21 минута секој ден може да го намали ризикот од срцеви заболувања за дури 30 отсто, известува „Harvard Health“.

Покрај тоа, лесното одење го намалува ризикот од дијабетес, го намалува крвниот притисок и холестеролот. Покрај сите овие предности, пешачењето е бесплатно, а за овој „тренинг“ не ви е потребна ни специјална опрема.

Би можело да ве интересира: Кардиолог откри која вежба е најдобра за здравјето на срцето

„Пешачењето е совршена форма на вежбање што ја намалува смртноста од кардиоваскуларни болести и често е во корелација со други здрави навики и однесувања“, вели д-р Тамана Синг од Клиниката во Кливленд.

Со пешачење ќе ги поништите сите негативни последици од седењето по цел ден, а доколку не можете да ги издвоите ни тие 21 минута, уште пократките прошетки се исплатливи кога е здравјето во прашање.

извор: denar.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more