Vrabotuvanje.com - Потврдено е: Ова овошје навистина го намалува ризикот од срцеви болести
Share
Tweet
Share
Send to friend

Потврдено е: Ова овошје навистина го намалува ризикот од срцеви болести

Потврдено е: Ова овошје навистина го намалува ризикот од срцеви болести

На конференцијата Nutrition 2024, одржана во САД, експерти од Технолошкиот институт на Универзитетот во Илиноис ги презентираа резултатите од нивната неодамнешна студија. Тие регрутирале 62 учесници на возраст меѓу 20 и 60 години за да учествуваат во експеримент кој истражувал како овошјето влијае на ризикот од болести.

Испитаниците биле поделени во две групи, од кои едната добивала грст јагоди како десерт секој ден, а другата не. Учесниците кои консумирале јагоди покажале подобрена функција на ендотелот – клетките што ја обложуваат внатрешноста на срцето. Ендотелот е одговорен за крвниот притисок и способноста на срцето да се собира.

Би можело да ве интересира: Еве што ќе се случи во нашето тело ако јадеме по две банани секој ден: Неверојатни работи за кои не сте ни свесни

„Состојбата на нивната крв и лимфни садови е значително подобрена. Тоа го потврдија низа тестови“, наведуваат научниците во заклучокот.

Јагодите содржат влакна, антиоксиданси, фолна киселина и витамин Ц, а освен што го поттикнуваат здравјето на срцето, туку го зајакнува и имунитетот.

извор: popara.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more