Vrabotuvanje.com - Летаа казни за брзо возење, полицијата им го олесни џебот на 476 возачи
Share
Tweet
Share
Send to friend

Летаа казни за брзо возење, полицијата им го олесни џебот на 476 возачи

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 476 возачи, соопшти МВР.

Летаа казни за брзо возење, полицијата им го олесни џебот на 476 возачи

„Од нив 37 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 295 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 181 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, стои во соопштението на МВР.

Извор: press24.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more