Vrabotuvanje.com - Германските компании сè повеќе размислуваат за преселба во странство
Share
Tweet
Share
Send to friend

Германските компании сè повеќе размислуваат за преселба во странство

Скапите извори на енергија сè повеќе ја оштетуваат Германија како индустриска земја. Трендот на преселување на производството во странство е сè поизразен, пред сè кај индустриските компании.

Германските компании сè повеќе размислуваат за преселба во странство

Ова го соопшти Германската индустриска и трговска комора (ДИХК), повикувајќи се на анкета меѓу компаниите, пренесува ДПА.

Според истражувањето, четири од десет индустриски погони размислуваат да го намалат производството во Германија поради високите цени на енергијата или да го преселат во странство.

Во случајот на големите компании со над 500 вработени, пак, дури повеќе од половина размислуваат за таква опција. Според ДИХК, во истражувањето учествувале околу 3.300 компании.

Директорот на ДИХК Ахим Деркс оцени дека политичарите досега не успеале да им понудат на компаниите изгледи за сигурно и достапно снабдување со енергија.

„Иако пред 2023 година, многу компании ја гледаа енергетската транзиција како шанса за сопствено производство, во последно време тоа претставува поголем ризик отколку можност“, рече Деркс.

Скапите енергетски производи, додаде тој, сè повеќе стануваат кочница за производството и инвестициите.

Зголемениот број на планови за намалување на производството и преместување, како и специфичните преселби, покажуваат дека енергетско-политичките производствени услови очигледно негативно влијаат на конкурентноста на компаниите во Германија, наведува ДИХК.

Извор: biznisinfo.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more