Vrabotuvanje.com - Кои беа најбогатите луѓе во Југославија на крајот на 80-тите – Скопски угостител на врвот
Share
Tweet
Share
Send to friend

Кои беа најбогатите луѓе во Југославија на крајот на 80-тите – Скопски угостител на врвот

Кои беа најбогатите луѓе во Југославија на крајот на 80-тите – Скопски угостител на врвот

Најбогатите луѓе во поранешна Југославија се најдоа на листата на магазинот ТОП од 1989 година. Она што е особено интересно е што на списокот нема политичар.

Во февруари 1989 година, Даночната управа презентираше прелиминарна листа на најбогати граѓани од претходната година, во која беше наведено дека најголеми приходи пријавиле приватни ресторани, пејачи, композитори на народна музика,  претставници на странски компании, фудбалери, ликовни уметници, новинари и универзитетски професори.

Интересно е што на оваа листа немаше политичар, пишува Југопапир.

Во Белград најголема заработка забележал пејач на народна музика (142 милиони динари), во Загреб претставник за продажба (61 милион динари), а во Љубљана академски скулптор (28 милиони динари). За Сараево нема податоци, а рекордот го постави приватен угостител од Скопје, кој во 1988 година заработил 171 милион динари.

Несомнено е дека времињата сега се сосема поинакви во споредба со текстот што беше објавен пред нешто повеќе од 30 години.

извор: biznisinfo.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more