Vrabotuvanje.com - БАЛКАНЕЦ ВО ВИЕНА ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ ЗАРАБОТИ 4.000 ЕВРА - тешко е да се поверува што работи, а не треба ниту да го знаете јазикот
Share
Tweet
Share
Send to friend

БАЛКАНЕЦ ВО ВИЕНА ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ ЗАРАБОТИ 4.000 ЕВРА - тешко е да се поверува што работи, а не треба ниту да го знаете јазикот

БАЛКАНЕЦ ВО ВИЕНА ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ ЗАРАБОТИ 4.000 ЕВРА - тешко е да се поверува што работи, а не треба ниту да го знаете јазикот

Во ерата на брзиот технолошки напредок и сеприсутната мобилност, новите начини на заработка често доаѓаат со необични и неочекувани можности, па така во Виена за оваа необична работа можете да заработите и до 4.000 евра за еден месец.

Електричните тротинети станаа незаменливо превозно средство во урбаните средини, па се појави можност за оние кои се подготвени да го искористат овој тренд.

Имено, постои можност да заработите дури 4.000 евра месечно со извршување на едноставна, но клучна работа – менување батерии на електрични скутери.

- Веќе на први август, ми легна плата од 4.000 евра плата. Повеќето наши од Балканот се тука, бидејќи тоа е сезонска работа. Туристите навалиле да доаѓаат во Виена, па ги возат. Станува збор за менување батерии на електрични тротинети. Пристигнуваат со службено возило, се вадат старите и се ставаат нови батерии, а ако нешто се скрши, се одвезува на поправка. Не треба ни виза, не треба ни да го знаете јазикот, не ви треба докторат - заклучува балканскиот државјанин.

извор: faktor.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more