Vrabotuvanje.com - Штом се разбудиме, треба да ја направиме оваа важна работа
Share
Tweet
Share
Send to friend

Штом се разбудиме, треба да ја направиме оваа важна работа

Штом се разбудиме, треба да ја направиме оваа важна работа

Речиси сите медицински експерти препорачуваат да го започнете денот со едноставна, но ефективна навика. Според лекарите, важно е да се испие чаша вода веднаш по будењето.

Имено, оваа утринска навика е исклучително важна за здравјето, бидејќи телото ја губи влагата за време на спиењето преку потење и дишење, а водата ќе помогне да се компензира потребната течност која е важна за нормално функционирање на сите системи.

Според гастроентеролозите, водата треба да биде млака, а не ладна, пренесува Индекс. Имено, повисоката температура на водата го активира гастроинтестиналниот тракт, односно ги започнува процесите неопходни за квалитетно варење на храната. Особено го релаксира хранопроводникот и желудникот и го стимулира производството на жолчката. Ова штити од проблеми како што се запек и метаболички нарушувања. Од друга страна, студената вода може да предизвика грчеви во органите за варење и да ја забави апсорпцијата на храната.

Како заклучок, навиката да се испие чаша топла вода веднаш по будењето може значително да придонесе за зачувување на здравјето на гастроинтестиналниот тракт и нормален метаболизам.

извор: popara.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more