Vrabotuvanje.com - Во јули собрани 7,6 милиони евра од наплата на патарини
Share
Tweet
Share
Send to friend

Во јули собрани 7,6 милиони евра од наплата на патарини

Рекордна наплата од патарини во јули. Собрани се 7,6 милиони евра или 260 илјади евра повеќе во однос на истиот месец лани.

Во јули собрани 7,6 милиони евра од наплата на патарини

Од Јавното претпријатие за државни патишта велат дека од почетокот на годината до јули вкупно  во буџетот  по овој основ се слеани 28,9 милиони евра. Месечно се инкасирале  во просек од  4 до 5 милиони евра. Но јули, со вакви бројки отскокнува. 

Инаку вообичеано е со стратот на летната сезона да расте и наплатата од патарини.  Од Скопје до Гевгелија има 6 наплатни станици, за кои граѓаните плаќаат 440 денари. Сумата е повисока ако се плаќа во евра.  Од влезот на  граничниот премин со Србија до излезот кон Грција , односно од Романовце до Гевгелија сумата изнесува 460 денари или странците ќе ги чини 9 евра.

 Инаку податоците на Јавното претпријатие за државни патишта покажуваат дека минатата година од наплата на патарини собрани се 62 милиони евра, во 2022  - 53,2 милиони.  Во 2021 -   46 , 4 милиони евра,  додека во  2020 -  34 милиони евра. За  оваа година прокетираниот приход од наплата на патарини изнесува 71,5 милиони евра.  Во тек е и воведување единствен систем за електронска наплата меќу Србија, Македонија и Албанија, каде со еден таг, без задржување ќе може да се поминува на наплатаните станици.  Претходната власт најавуваше дека до членството во Унијата патарините ќе бидат целосно дигитализирани.

Извор: sitel.com.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more