Vrabotuvanje.com - Загрижувачка причина зошто не треба да пиете вода од пластични шишиња
Share
Tweet
Share
Send to friend

Загрижувачка причина зошто не треба да пиете вода од пластични шишиња

Загрижувачка причина зошто не треба да пиете вода од пластични шишиња

Новото истражување дава лоши резултати.

Резултатите објавени во стручното списание Microplastics покажаа дека пиењето од пластични шишиња може да го зголеми крвниот притисок како резултат на влезот на микропластиката во крвотокот.

Истражувањето спроведено од научници од Австрија откри дека крвниот притисок значително се намалил кога учесниците престанале да консумираат течности од пластични шишиња и пиеле само вода од чешма во период од две недели.

На почетокот и за време на студијата беше измерен крвниот притисок на учесниците. По две недели, забележан е значителен пад на дијастолниот крвен притисок.

„Врз основа на резултатите, кои укажуваат на намалување на притисокот во комбинација со намалена потрошувачка на пластика, претпоставуваме дека пластичните честички присутни во крвотокот придонесуваат за покачен крвен притисок“, изјавија исто така научниците.

Да потсетиме дека микропластиката се создава како резултат на распаѓање на пластичните производи под влијание на хемиски, физички и биолошки процеси во нивната околина, а еден од примерите се струготини од автомобилските гуми предизвикани од триење. Исто така, микропластиката може да дојде директно од фабриките во форма на мали пластични предмети.

извор: denar.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more