Vrabotuvanje.com - Кој ги има конкретно овие банкноти МОЖЕ ДА СТАНЕ МИЛИОНЕР
Share
Tweet
Share
Send to friend

Кој ги има конкретно овие банкноти МОЖЕ ДА СТАНЕ МИЛИОНЕР

Комплет банкноти од британски фунти со портрет на кралот Чарлс III продадени на аукција за 914.127 фунти (1,17 милиони долари), кои ќе бидат донирани во добротворни цели.

Кој ги има конкретно овие банкноти МОЖЕ ДА СТАНЕ МИЛИОНЕР

Банкнотите, вредни речиси 78.000 фунти, се меѓу првите што се издадени со портрет на новиот крал, кој стапи во оптек во јуни. Банкнотите се во апоени од 5, 10, 20 и 50 фунти. Еден сет од банкноти од 50 фунти беше продаден за 26.000 фунти, со што беше соборен претходниот рекорд за продажба на банкноти на Банката на Англија, пренесува Индекс.

Потоа следела аукцијата на банкноти од 10 фунти на која само една банкнота е продадена за 17.000 фунти, со сериски број HB01 00002. Колекционерите бараат банкноти со најмал можен сериски број, што е можно поблиску до 00001 и затоа плаќаат такви суми.

Во оптек повеќе од 4,6 милијарди банкноти на Банката на Англија

Аукцијата ја организираше аукциската куќа Spink во Лондон. Сара Џон, извршен директор за банкарство на Банката на Англија, рече дека е воодушевена што од продажбата се собрани 914.127 фунти, кои ќе бидат донирани на 10 добротворни организации избрани од Банката на Англија.

Тоа се Childhood Trust, The Trussell Trust, Shout, Carers UK, Demelza, WWF-UK, The Brain Tumor Charity, London's Air Ambulance Charity, Child Bereavement UK и The Samaritans. Моментално има повеќе од 4,6 милијарди банкноти на Банката на Англија во оптек, во вредност од речиси 82 милијарди фунти.

Банката на Англија започна да издава банкноти во 17 век, но мајката на Чарлс, покојната кралица Елизабета Втора, е првиот британски монарх на кој нејзиниот портрет бил испечатен на банкнотата од 1 фунта, во 1960 година.

Извор: vecer.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more