Vrabotuvanje.com - Последен тропски бран годинава – какво време ќе донесе септември?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Последен тропски бран годинава – какво време ќе донесе септември?

Доаѓа крајот на летото. Полека, зад себе го оставаме топлото време и жешкото лето. Време е да здивнеме, септември ќе донесе вистински есенски температури.

Последен тропски бран годинава – какво време ќе донесе септември?

Времето денес

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на локално невреме. UV=8

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Прогноза за следните денови

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. UV=7

Во Скопје сончево и топло. Попладне и во вечерните часови во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на невреме.

Од понеделник, времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. UV=6

Какво време ќе донесе септември?

Зад себе го оставаме топлото време и жешкото лето.

Септември ќе биде сончев, со посвежо време и температури кои ќе достигнат максимални 30 степени.

Првата половина од месецот ќе биде стабилна со утрински температури до 10 степени и дневни температури до 30 степени. Втората половина од месецот ќе донесе врнежливо време и малку пониски температури.

Извор: skopjeinfo.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more