Vrabotuvanje.com - Ризико Осигурување АД вработува 5 КАНДИДАТИ
Share
Tweet
Share
Send to friend

Ризико Осигурување АД вработува 5 КАНДИДАТИ

Ризико Осигурување АД вработува 5 КАНДИДАТИ

РИЗИКО ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје објавува
 ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
во СКОПЈЕ

 

Ризико Осигурување АД Скопје е акционерско Друштво кое има дозвола за работа од Агенцијата за супервизија на осигурување за извршување осигурително брокерски работи. 

Друштвото нуди можност за вработување на пет работни позиции:

  • двајца лиценцирани брокери;
  • двајца застапници во осигурување;
  • еден комерцијалист

 

Опис на работните задачи:

  • обезбедување понуди од компании и запознавање на осигуреникот со условите на истите;
  • изготвување на анализа на ризик и предлагање на соодветно осигурително покритие;
  • планирање и организирање на продажните активности, реализација на зададените планови;
  • одржување на соработката со постоечките и потенцијалните клиенти;
  • следење и унапредување на продажбата;
  • укажување на помош на осигуреникот во текот на важењето на договорот за осигурување, како пред, така и по настанувањето на осигуран штетен настан; 

Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:

  • за позицијата лиценциран брокер потребно е поседување на лиценца за осигурителен брокер, издадена од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување
  • за позицијата застапник потребно е работно искуство во осигурителна компанија од  една година 
  • за позицијата комерцијалист не е потребно работно искуство
  • завршено високо / средно образование (предност ќе се смета образование од областа на осигурување или економски науки);
  • посветеност, прецизност, одговорност;
  • работа во кратки рокови;
  • одлични комуникациски, презентациски и продажни вештини;
  • способност за индивидуална и тимска работа;
  • флексибилност за работа на терен со клиенти;
  • познавање на англиски јазик;
  • познавање на соодветни програмски алатки (MS Office);

Нудиме

  • обука за продажба од професионалци и понатамошно усовршување;
  • фиксна плата
  • можност за заработувачка преку месечни и квартални бонус програми, базирана на лични перформанси;
  • работно место во Скопје

Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат условите наведени во огласот треба да  достават своја кратка биографија (CV) и мотивационо писмо најдоцна до 31.12.2018 година на нашата e-mail адреса: riziko@riziko.mk, со назнака за која работна позиција аплицираат.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more