Vrabotuvanje.com - ВИЗЕР НАМАЛУВА ЛЕТОВИ ОД СКОПСКИОТ И ОД ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ: Се кратат 330.000 седишта од балканскиот пазар
Share
Tweet
Share
Send to friend

ВИЗЕР НАМАЛУВА ЛЕТОВИ ОД СКОПСКИОТ И ОД ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ: Се кратат 330.000 седишта од балканскиот пазар

Нискобуџетната авиокомпанија Визер во последниот квартал од годинава планира да го намали капацитетот на превоз на патници од Скопскиот аеродром за 22,6%, односно да го намали 125.726 седишта во однос на лани. Истовремено од Охрид, бројот на слободни места ќе се намали за 32,6% или 17.858, пишува порталот EX-YU aviation news

ВИЗЕР НАМАЛУВА ЛЕТОВИ ОД СКОПСКИОТ И ОД ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ: Се кратат 330.000 седишта од балканскиот пазар

Според порталот авиокомпанијата во последниот квартал од годинава планира да намали 330.000 седишта од пазарот на Поранешна Југославија.

Така од Белград, и покрај тоа што има повеќе летови овој септември и октомври во споредба со минатата година, Визер ќе го намали својот вкупен капацитет во последниот квартал од годината за 27,6% односно 148.292 седишта, додека во Ниш ќе има 36.316 помалку места или намалување од 57,2% во однос на 2023 година.

Ова резултира со отстранување на 9.366 места од пазарот.

Во Подгорица, Визер го намалува капацитетот за 7,3%, а во Љубљана превозникот ќе има 44,9% помал капацитет на словенечкиот пазар или 11.756 седишта помалку.

Единствено зголемување на бројот на летови има од Сараево и тоа од Лутон и Сараево, како и со започнувањето на операциите меѓу Рим и главниот град на Босна и Херцеговина, капацитетот ќе порасне за 183,3%, со дополнителни 22.908 седишта.

Но, расположливиот капацитет на операциите во Тузла ќе се намали за 3,6% во текот на четвртиот квартал со 1.812 места помалку.

Авиопревозникот најавува промени во распоредот на летови во зависност од достапноста на авионите кои во текот на годинава се на проверка поради проблемите кои ги имаше Боинг.

Визер целосно се повлекува од линиите за Луксембург, а помалку седишта ќе обезбеди и за линиите од и кон Бугарија, Норвешка, Романија, Грција, Кипар, Шведска, Литванија, Исланд, Полска, Холандија, Франција, Германија, Латвија и Малта.

Во 2025 година, нискобуџетната авиокомпанија предвидува приземјување на 35 авиони.

Извор: plusinfo.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more