Vrabotuvanje.com - Нема веќе течности во рачен багаж – Од септември построги правила на аеродромите во земјите-членки на ЕУ
Share
Tweet
Share
Send to friend

Нема веќе течности во рачен багаж – Од септември построги правила на аеродромите во земјите-членки на ЕУ

Построги правила за течности и гелови во рачниот багаж повторно ќе стапат во сила од 1 септември на сите аеродроми во Европска Унија, соопшти аеродромот во Франкфурт.

Нема веќе течности во рачен багаж – Од септември построги правила на аеродромите во земјите-членки на ЕУ

Со новите правила на патниците ќе им биде дозволено да носат течност или гел до 100 милилитри, спакувани во проѕирна пластична кеса со максимален волумен од еден литар.

Лековите и течната храна за бебиња се исклучени од новите правила. Безбедносните правила за течности и гелови првпат беа воведени во 2006 година.

Правилата беа олеснети на некои аеродроми каде што багажот можеше да се провери со помош на скенери.

Но, повторно воведувањето на поригорозни мерки е поради тоа што ЕУ се сомнева во веродостојноста на новите скенери.

Извор: racin.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more