Vrabotuvanje.com - Македонски е! Кој е првиот град на Балканот со целосно електричен јавен превоз?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Македонски е! Кој е првиот град на Балканот со целосно електричен јавен превоз?

Струмица е прв град на Балканот со целосно електричен јавен превоз. Градоначалникот Костадин Костадинов рече дека општината набавила 10 електрични автобуси во вредност од 7 милиони евра по пат на лизинг.

Македонски е! Кој е првиот град на Балканот со целосно електричен јавен превоз?

Автобусите моментно се во фаза на процедурата за царинење, регистрација и осигурување и се очекува од 1 до 6 септември да бидат доставени во Струмица, а од 11 септември да бидат ставени во тест возење во траење од најмалку еден месец, период кога ќе има бесплатен јавен превоз за граѓаните, со цел да се отстранат евентуалните недостатоци.

„Испишуваме историја како граѓани на Струмица од причина што нашата општина досега немаше јавен превоз, а во исто време не може да се занемари фактот што Струмица е еден од градовите кој се соочува со енормна загаденост на воздухот. Кога се соочуваме со такви предизвици неопходно е да правиме револуционерни и радикални иницијативи и проекти како што е електрифицираниот јавен превоз со што стануваме првиот град на Балканот со имплементиран целосно електрифициран јавен превоз“, изјави Костадинов. 

Извор: skopjeinfo.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more