Vrabotuvanje.com - Која земја од ЕУ вработува најбрзо млади луѓе по завршување на училиште?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Која земја од ЕУ вработува најбрзо млади луѓе по завршување на училиште?

Матурантите од Малта најлесно наоѓаат работа, додека Италијанците најдолго ја чекаат првата работа по завршувањето на училиштето, покажа истражувањето спроведено на ниво на Европската унија.

Која земја од ЕУ вработува најбрзо млади луѓе по завршување на училиште?

Како што се наведува, во Европската унија во 2023 година во просек биле вработени 83,5 отсто од лицата со свежа диплома, што претставува зголемување од 1,1 отсто во однос на 2022 година, објави Евростат.

Анализата вклучува луѓе на возраст меѓу 20 и 34 години кои ги завршиле студиите во изминатите три години на средно или терцијарно ниво.

Во текот на изминатите 10 години, забележан е пораст на стапката на вработеност на неодамна дипломираните студенти во Европската Унија.

Во 2013 година, стапката беше 74,3 отсто и оттогаш постојано се зголемува, со исклучок на 2020 година, која беше обележана со пандемијата на корона вирусот.

Вкупната стапка на вработеност на неодамна дипломираните студенти беше над 80 проценти во 22 земји на ЕУ минатата година.

Највисока стапка на вработеност е забележана во Малта 95,8 отсто, во Холандија 93,2 отсто и Германија 91,5 отсто, а најниска во Италија 67,5 отсто, Грција 72,3 отсто и Романија 74,8 отсто.

Извор: vecer.press

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more