Vrabotuvanje.com - Убава вест за скенирачите на фискални сметки
Share
Tweet
Share
Send to friend

Убава вест за скенирачите на фискални сметки

Управата за јавни приходи извести дека денес се генерираат налози за отпочнување на исплатата на парите од „Мој ДДВ“.

Убава вест за скенирачите на фискални сметки

„Известуваме дека во однос на враќање на дел од данокот на додадена вредност искажан во фискалните сметки на физичките лица за последното тримесечје се генерираат налози за отпочнување на исплатата, се вели во соопштението на УЈП.

За ова тримесечје ќе се исплатат околу 858.059.205 милиони денари на 491.407 граѓани кои скенирале фискални сметки за период април-јуни 2024 година“, велат од УЈП.

Исплатата доцнеше бидејќи се чекаше Собранието да го изгласа ребалансот на Буџетот.

Извор: skopjeinfo.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more