Vrabotuvanje.com - Италијанки во солзи стигнале на аеродромот во Сплит – таксистот за половина час возење им наплатил 550 евра
Share
Tweet
Share
Send to friend

Италијанки во солзи стигнале на аеродромот во Сплит – таксистот за половина час возење им наплатил 550 евра

Две млади Италијанки во солзи пристигнале на аеродромот во Сплит, тврдејќи дека биле жртви на таксист кој брутално ги измамил.

Италијанки во солзи стигнале на аеродромот во Сплит – таксистот за половина час возење им наплатил 550 евра

Возењето од пристаништето на траектот до аеродромот, кое обично трае околу половина час и на кое се поминува 25 километри, им го наплатил неверојатни 550 евра.

Девојките шокирани и во солзи ја покажале сметката што им ја издал таксистот, пренесува порталот Далматински. До пристигнувањето на аеродромот, нивниот авион требало да полета за час и половина, што им оставило малку време да реагираат.

Персоналот на аеродромот им наложил случајот да го пријават во полиција, но девојките изразиле сомневање дека тоа ќе донесе некакви резултати.

Според нив, на крајот од возењето таксистот побарал од нив картичка за да го наплати возењето, што и го направиле, не очекувајќи толку висока цена.

Овој инцидент уште еднаш го привлече вниманието на проблемот со несовесните таксисти во туристичките дестинации, кои ја користат можноста да ги пренаплаќаат странските туристи, особено оние кои не се запознаени со локалните цени, пишуваат хрватските медиуми.

Ваквите случаи фрлаат сенка на туристичката понуда на Сплит и цела Далмација, која е позната по гостопримството и убавината.

Извор: fokus.mk

 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more