Vrabotuvanje.com - Како во Македонија се стигнува до старосна пензија?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Како во Македонија се стигнува до старосна пензија?

Како во Македонија се стигнува до старосна пензија?

Осигуреникот стекнува право на старосна пензија кога ќе наполни 64 години живот (маж), односно 62 години живот (жена) и најмалку 15 години пензиски стаж.

Старосната пензија се утврдува од месечниот просек на платите што осигуреникот ги остварил за време на вкупното траење на осигурувањето, а најрано од 1 јануари 1970 година. За определување на пензиска основица, покрај месечниот просек на плати, се зема и надоместокот на плати, односно паричниот надоместок во случај на невработеност.

Старосната пензија се утврдува од пензиската основица во проценти определени зависно од должината на пензискиот стаж која за секоја година пензиски стаж изнесува 0,75% (маж), односно 0,86% (жена) од пензиската основица, а за пензиски стаж пократок од една година, а најмалку шест месеци изнесува 0,375 % (маж), односно 0,43% (жена) од пензиската основица.

Најнизок износ на старосната пензија остварена од задолжителното пензиско и инвалидско осигурување врз основа на генерациска солидарност и пензијата остварена од задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување не може да изнесува помалку од утврдената просечна плата на сите вработени во Република Македонија во 2002 година, и тоа за:

  • корисниците кои пензијата ја оствариле со пензиски стаж над 35 години (маж), односно над 30 години (жена), во висина од 41%,
  • корисниците кои пензијата ја оствариле со пензиски стаж над 25 години (маж), односно над 20 години (жена), во висина од 38% и
  • корисниците кои пензијата ја оствариле со пензиски стаж до 25 години (маж), односно до 20 години (жена), во висина од 35%.

Проверете и ова:Пензиите во Европа: Кои земји се најдобри и најлоши за пензионирање?

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more