Vrabotuvanje.com - И ДЕЛ ОД ЕВРОПЈАНИТЕ НЕ МОЖАТ ДА СИ ДОЗВОЛАТ ОДМОР: Во која земја состојбата е најлоша?
Share
Tweet
Share
Send to friend

И ДЕЛ ОД ЕВРОПЈАНИТЕ НЕ МОЖАТ ДА СИ ДОЗВОЛАТ ОДМОР: Во која земја состојбата е најлоша?

Според Евростат, околу 29 отсто од луѓето на возраст над 16 години во Европската Унија(ЕУ) не можеле да си дозволат еднонеделно патување во 2023 година. Голем број Бугари и Романци не можеле да си дозволат одмор. Причина се финансиите.

И ДЕЛ ОД ЕВРОПЈАНИТЕ НЕ МОЖАТ ДА СИ ДОЗВОЛАТ ОДМОР: Во која земја состојбата е најлоша?

Во Шпанија, 33 отсто од населението не може да си дозволи одмор во текот на годината. Во Италија таа бројка е 32 отсто, а Франција и Германија забележале резултати од 25, односно 23 отсто.

Со вкупно 60 отсто, многу граѓани на Романија го прескокнуваат одморот, како и во Бугарија (44 отсто) и Унгарија (43 отсто).

Ако ги погледнеме земјите во Европа, но надвор од ЕУ, Норвешка е исклучок на другиот крај од спектарот. Во оваа земја само 7,9 отсто од луѓето биле финансиски спречени да отпатуваат на одмор.

Извор: faktor.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more