Vrabotuvanje.com - Турција најави производство на првиот брз воз
Share
Tweet
Share
Send to friend

Турција најави производство на првиот брз воз

Турција најави производство на првиот брз воз

Турција ќе го произведе својот прв брз воз, а тестирањата ќе бидат извршени следната година, потврди турскиот министер за транспорт и инфраструктура Абдулкадир Уралоглу.

„Нашиот брз воз, кој ќе го произведува TURASAS (Турска железничка индустрија), ќе има максимална брзина од 225 километри на час. Ќе има осум вагони, со капацитет од 584 патници“, рече Уралоглу.

Тој додаде дека по завршувањето на статичките тестови на фабриката „возот ќе биде ставен на шините“, јави Анадолија.

Извор: vecer.press

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more