Vrabotuvanje.com - ОД ЛЕТО, ДИРЕКТНО НА ЗИМА: Температурите на Балканот драстично паднаа, а на многу места пристигна и првиот снег
Share
Tweet
Share
Send to friend

ОД ЛЕТО, ДИРЕКТНО НА ЗИМА: Температурите на Балканот драстично паднаа, а на многу места пристигна и првиот снег

Наглата и огромна промена на времето пристигна на Балканот, снег падна на планините во Словенија и во Хрватска, додека деновиве се очекува снег да падне и на планините во Босна како и во Црна Гора, а не се исклучува можноста да побелат планините и во соседна Србија, вели метеорологот Славчо Попоски.

ОД ЛЕТО, ДИРЕКТНО НА ЗИМА: Температурите на Балканот драстично паднаа, а на многу места пристигна и првиот снег

„На планинските места температурите во Хрватска  и во Словенија се ниски, па дури и под нулата. Инаку во Алпскиот регион до недела се очекува да наврне од 100 до дури 200 cм снег, а снежна покривка ќе се формира  и на повисоките планини во регионот“ вели Попоски.

Според него, покрај повремените локални врнежи и значителниот пад на температурите на воздухот во земјава, кој особено ќе го почувствуваме од утре, преку ноќта, како и денес на повеќе места во Македонија ќе дува повремено силен ветер од југозападен правец (повремено со брзина од над 70 км/час). И во Скопскиот регион ќе биде ветровито со повремено засилен ветер од југозападен правец.

Извор: faktor.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more