Vrabotuvanje.com - На „Богородица“ и денес гужва – се чека и до еден час за плажа и шопинг
Share
Tweet
Share
Send to friend

На „Богородица“ и денес гужва – се чека и до еден час за плажа и шопинг

На „Богородица“ и денес гужва – се чека и до еден час за плажа и шопинг

На граничните премини Табановце и Богородица за излез од Македонија се чека повеќе од 40 минути, информираат од Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ). Камерите покажуваат зголемена фреквенција на возила кои ја минуваат границата и влегуваат во Србија и Грција.

На останатите гранични премини за влез и излез од Македонија нема подолги задржувања, велат од АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, со зголемена фреквенција на возила и по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење и внимателно управување со возилата, особено на делниците низ котлините, речните долини и клисурите каде што има можност од одрони. Ова особено важи за патиштата Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Извор: skopjeinfo.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more