Vrabotuvanje.com - Предвидено е да има 154 ката – се гради нова највисока станбена зграда во светот
Share
Tweet
Share
Send to friend

Предвидено е да има 154 ката – се гради нова највисока станбена зграда во светот

Во крајбрежниот град Балнеарио Камбори во Санта Катарина на југот на Бразил, во тек е револуционерен проект кој ќе собори рекорди.

Предвидено е да има 154 ката – се гради нова највисока станбена зграда во светот

Имено, планирано е да се изгради супервисок облакодер, Triumph Tower, кој има потенцијал да стане највисоката станбена зграда во светот со висина од 509 метри и 154 ката. Во моментов титулата за највисока станбена зграда во светот ја носи Централ Парк Тауер во Њујорк со висина од 472 метри и 98 ката.

Овој монументален проект е лансиран од една од најголемите градежни компании FG Empreendimentos во партнерство со Хавана, на чело со бразилскиот бизнисмен и милијардер Лучијано Ханг.

Овој крајбрежен град ги има највисоките цени на недвижностите во Бразил. Просечната цена на квадрат во Балнеарио Камборио е околу 2.345 долари.

Извор: biznisinfo.mk

 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more