Vrabotuvanje.com - Како да се постигне поголемо производство со помалку работници?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Како да се постигне поголемо производство со помалку работници?

Секоја година до 2040, работната сила во Европската Унија ќе се намалува за два милиона луѓе, па затоа е неопходно да се потпреме на продуктивноста за да се забрза економскиот раст. Ова, меѓу другото, е нотирано во новиот извештај на ЕУ за конкурентноста, поради што сè почесто се поставува прашањето за односот на трошењето на работната сила и продуктивноста на нејзината економија.

Како да се постигне поголемо производство со помалку работници?

Оттука се поставува прашањето: Како да се постигне поголемо производство со помалку работници? Според истражувањето во Србија „Пулс на српската заедница за човечки ресурси“, на кое се повикува „Политика“, најголемиот предизвик за компаниите е како да привлечат и да ги задржат вработените.

– Фирмите од областа на логистиката, транспортот на стоки и патници имаат најмногу предизвици со задржување на вработените (71%). Најмногу проблеми со привлекувањето кандидати имаат компаниите со стока за широка потрошувачка (58 %) и оние од производството (55 %). Во автомобилската индустрија имаме натпросечни вредности за организациските предизвици и за предизвиците за следење на придобивките – набројува Милош Турински од „Инфостуд“.

Професорот Владимир Гречиќ, експерт за миграции, смета дека се постигнува продуктивност и со подобрување на организацијата на работата, со инвестирање во нови машини и средства за производство, а конкурентноста може да ја зголемат најталентираните, врвни експерти, но и тие ја напуштаат земјата.

Тој вели дека, освен што е запоставена квалификуваната работна сила, во последно време си заминува и средната класа и подвлекува дека враќањето на талентите на домашните пазари често е голем предизвик, бидејќи тие се соочуваат со големи тешкотии, како што се корупцијата, бирократијата и нефлексибилната работна сила.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more