Vrabotuvanje.com - ПЛАТА 35.872 денари: Вработување во Управа за извршување на санкциите за следните работни места
Share
Tweet
Share
Send to friend

ПЛАТА 35.872 денари: Вработување во Управа за извршување на санкциите за следните работни места

ПЛАТА 35.872 денари: Вработување во Управа за извршување на санкциите за следните работни места

Агенцијата за администрација објавува

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ –  359/2018
за вработување на  1 државен службеник од група I, подгрупа I во Министерство за правда - Управа за извршување на санкциите за следните работни места



1. УПР0101Б02000 Раководител на сектор за безбедност, третман и обука на кадри во КПУ И ВПУ(1) извршител(и)

Општи услови
-   да е државјанин на Република Македонија,
-   активно да го користи македонскиот јазик,
-   да е полнолетен,
-   да има општа здравствена способност за работното место,
-   со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови
- ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки, Психологија, Социјална работа и социјална политика
- најмалку 5 (пет) години работно искуство во струката од кои најмалку 2 (две) години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку 8 (осум) години работно искуство во струката од кои најмалку 3 (три) години на раководно работно место во приватен сектор
   Општи работни компетенции
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
- учење и развој
- комуникација
- остварување резултати
- работење со други/тимска работа
- стратешка свест
- ориентираност кон странките/засегнати страни
- раководење и
- финансиско управување
   Посебни работни компетенции
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- потврда за положен испит за административно управување
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
Распоред на работно време
-   Работни денови понеделник - петок
-   Работни часови неделно 40
-   Работно време од 08:00 до 16:00
-   Опис за работното време cо почеток на работното време помеѓу 08:00 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 16:00 и 16:30 часот
Паричен нето износ на плата: 35.872,00 денари
 

ЛИНК ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ И АПЛИЦИРАЊЕ

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more