Vrabotuvanje.com - Вимблдон ги укина линиските судии – 300 луѓе останаа без работа
Share
Tweet
Share
Send to friend

Вимблдон ги укина линиските судии – 300 луѓе останаа без работа

Над 300 луѓе останаа без ангажман за следното лето откако Вимблдон објави декаво иднина нема да користи линиски судии за мечевите на британскиот тениски гранслем.

Вимблдон ги укина линиските судии – 300 луѓе останаа без работа

Технологијата за компјутеризирани линиски одлуки веќе неколку години се користи на бројни турнири, од годинава први од гранслем турнирите ја користеа организаторите на Австралија Опен, потоа и на УС Опен, а сега по нивните патеки продолжија и луѓето кои се на чело на Вимблдон.

„По долг период на разгледување и консултации донесовме одлука да внесеме електронско одлучување на поените околу линиите почнуајќи од следната година. По тестирањето спроведено минатата година и анализите што ги направивме, ова е следниот чекор за да се има максимална точност при носењето на одлуките. На играчите само ќе им ги овозможиме истите услови што ги имаат на бројни турнири што ги играат ширум светот“, изјави извршниот директор на Вимблдон, Сали Болтон.

Извор: ekipa.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more