Vrabotuvanje.com - Одложен новиот систем за влез во ЕУ, ќе се воведува постепено
Share
Tweet
Share
Send to friend

Одложен новиот систем за влез во ЕУ, ќе се воведува постепено

Имплементацијата на новиот систем за влез во ЕУ и излез од Европската унија (ЕЕС) дефинитивно е одложена.

Одложен новиот систем за влез во ЕУ, ќе се воведува постепено

„Сè уште има некои земји-членки кои во последен момент сигнализираа дека не се подготвени. Потоа следеше дискусија за тоа дали централниот систем на ниво на Европската унија во моментов е подготвен да започне целосна примена на системот за ЕЕС и тоа веројатно не е така, и затоа можеме да зборуваме дека нема да биде во ноември, ниту дека системот за ЕЕС ќе се воведе во сите земји и на сите гранични премини одеднаш постепеното воведување на овој систем сега е факт“, изјави Давор Божиновиќ, хрватски министер за внатрешни работи, објавено е на веб-страницата на Европската комисија.

Илва Јохансон, еврокомесар за внатрешни работи, го потврди одложувањето на примената на системот ЕЕС.

„Разговаравме за системот ЕЕС за кој кажавме дека ќе започне на 10 ноември, но сега е јасно дека тогаш нема да биде.

Во наредните денови ќе се дефинира како ќе се воведе новиот систем.

„Она што Европската комисија ќе разговара во следните неколку дена е да го дефинира постепеното воведување на системот. ЕЕС подразбира комплексен систем кој вклучува и собирање на биометриски податоци. Роковите не беа дискутирани денеска, но претпоставувам дека во блиска иднина, земјите-членки ќе бидат оставени да одредат кога системот ќе биде имплементиран, мора да се гарантира дека системот е стабилен и дека нема да биде одговорен за можни одложувања и падови на системот , немаме гаранција за тоа“, додаде Божиновиќ.

Системот EEС ќе вклучува давање отпечатоци на пристигнувачите, како и фотографирање при влез во ЕУ. Станува збор за сложен систем кој бара различни процедури и технологии, пред се систем за самопослужување и мобилна апликација за регистрација.

По него ќе следи ЕТИАС, што ќе повлекува издавање дозвола која ќе чини 7 евра.

Извор: vecer.press

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more