Vrabotuvanje.com - Макпетрол ВРАБОТУВА на Регионалниот саем за вработување
Share
Tweet
Share
Send to friend

Макпетрол ВРАБОТУВА на Регионалниот саем за вработување

Макпетрол ВРАБОТУВА на Регионалниот саем за вработување

МАКПЕТРОЛ е водечка компанија за дистрибуција и продажба на нафтени деривати во Република Македонија. Како предводник во македонскиот енергетски сектор, компанијата располага со модерна и силно развиена инфраструктура која вклучува 126 бензински станици и 12 складишта за нафтени деривати. Преку оваа мрежа, МАКПЕТРОЛ на пазарот ги нуди своите премиум „УЛТРА” горива, создадени со најнапредна технологија на адитиви.

Компанијата исто така поседува сопствена фабрика за производство на биодизел и е лидер во снабдувањето и трговијата со природен гас во државата. Биодизелот и природниот гас, како еколошки алтернативи за горива, веќе се достапни на бензинските станици на МАКПЕТРОЛ, што значително придонесува за поеколошки транспорт.

Квалитетот на горивата постојано се следи и анализира во сопствена лабораторија, која е акредитирана на меѓународно ниво и чии резултати се глобално признати. Лабораторијата е единствена од овој вид во регионот.

Дополнително, МАКПЕТРОЛ има воспоставено и сертифицирано системи за управување со квалитет (ISO 9001:2000), управување со животната средина (ISO 14001:2004), безбедност на информации (ISO 27001:2014),енергетска ефикасност (ISO 5001:2018) и безбедност при работа (ISO 4501:2018) со што ги потврдува своите високи стандарди во работењето.

Макпетрол е учесник на овогодинешниот Регионален саем за вработување и на својот штанд вработува на 3 позиции:

Манипулант – Општ работник - Миладиновци
плата: 27.500 денари
линк за повеќе детали и аплицирање

Продавачи и продавачи-касиери на бензинска станица во Скопје
плата: од 28.500 до 30.000 денари
линк за повеќе детали и аплицирање

Стручен соработник во Одделение за безбедност и здравје при работа
плата: 35.000 денари
линк за повеќе детали и аплицирање

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more