Vrabotuvanje.com - Директен лет од Белград до Токио: „Ер Србија“ воспоставува уште една дестинација
Share
Tweet
Share
Send to friend

Директен лет од Белград до Токио: „Ер Србија“ воспоставува уште една дестинација

Директен лет од  Белград до Токио: „Ер Србија“ воспоставува уште една дестинација

Авио компанијата „Ер Србија“ во следните шест месеци ќе воспостави директен лет на линијата Белград-Токио, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ и посочи дека поврзувањето со Јапонија е од најголемо значење за земјата.

„Ќе дадеме се од себе за да ја воспоставиме оваа линија во следните шест месеци“, рече Вучиќ на српско-јапонскиот бизнис форум: средба со јапонската организација за надворешна трговија Џетро и ги повика претставниците на јапонските компании почесто да ја посетуваат Србија.

Тој додаде дека со министерот Синиша Мали разговарал за воведување на три нови директни летови од Белград, а една од нив е директна авионска линија до Токио.

Можности за зголемување на трговската размена

Тој посочи дека амбасадорот на Јапонија во Србија, Акира Имамура, постојано е доследен во обидите Јапонија да и се приближи на Србија, додавајќи дека трговската размена меѓу двете земји е помала од 350 милиони евра, но дека ќе има можност да се зголеми во иднина.
 

Прочитајте повеќе на: faktor.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more