Vrabotuvanje.com - УЈП Апелира: Поднесете ги ДДВ-04 пријавите навреме
Share
Tweet
Share
Send to friend

УЈП Апелира: Поднесете ги ДДВ-04 пријавите навреме

До моментов поднесени се само 6.607 од очекуваните 40.975 ДДВ пријави, што укажува на значителен број обврзници кои сè уште не ја исполниле својата обврска.

УЈП Апелира: Поднесете ги ДДВ-04 пријавите навреме

Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници да ги исполнат своите законски обврски и навреме да ги поднесат ДДВ-04 пријавите за изминатиот даночен период. Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата е 25-ти октомври 2024 година (петок). Оваа обврска важи и за оние даночни обврзници кои во соодветниот период немаат реализирано оданочив промет.

Навременото поднесување на ДДВ-04 пријавата е важно не само за даночната усогласеност на фирмите, туку и за општата финансиска стабилност на секој бизнис. Со исполнување на даночните обврски се придонесува за развојот на економијата и одржувањето на позитивната деловна средина.

Управата за јавни приходи потсетува дека поднесувањето на ДДВ-04 пријавата не е само законска обврска, туку и начин да се заштитите од непредвидливи трошоци и понатамошни постапки. Не чекајте до последен момент, навремено доставете ги пријавите и избегнете стрес.

Даночните обврзници кои имаат потреба од дополнителни информации и поддршка можат да ги упатат своите прашања и коментари, поткрепени со документација на инфо сандачето info@ujp.gov.mk. Нашите даночни службеници ќе ги разгледаат и ќе помогнат во решавањето на истите.

За дополнителна поддршка, доколку се јавувате од фиксна линија, можете да се обратите на телефонскиот број 0800 33 000, а доколку се јавувате од мобилен телефон, повикајте 02 3253 200.

Управата за јавни приходи и нејзините вработени се тука за да ви понудат навремени, точни и јасни информации со цел исполнување на даночните обврски.
 

Извор: kurir.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more