Vrabotuvanje.com - Општина Карпош ќе ги отстранува хаварисаните возила
Share
Tweet
Share
Send to friend

Општина Карпош ќе ги отстранува хаварисаните возила

Општина Карпош ќе ги отстранува хаварисаните возила

Во насока на заштита на животната средина, Општина Карпош соопшти дека наскоро започнува акција за отстранување на отпадни (хаварисани) моторни возила на јавна површина на целата територија на локалната самоуправа.

Акцијата, како што велат оттаму, се спроведува согласно Законот за управување со дополнителни текови на отпад (Сл. весник на РСМ бр.216/21, 195/22) и согласно член 7 и член 63 од Законот за безбедност на патиштата.

Доколку граѓаните кои поседуваат вакви моторни возила не постапат според насоките во известувањето, општинските инспекциски служби ќе ги отстранат возилата, а на сопствениците биде им биде изречена парична казна глоба за сторен прекршок, додаваат од општината. Од Општина Карпош апелираа до сите граѓани да ги отстранат возилата кои се во нивна сопственост, а не се во употребна функција, односно возна состојба.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more