Vrabotuvanje.com - Неколку финти за евтино греење
Share
Tweet
Share
Send to friend

Неколку финти за евтино греење

Со доаѓањето на постудените месеци, многу домаќинства се соочуваат со прашањето: како најекономично да го загрееме нашиот дом. Ова е особено важно во време на постојани зголемувања на цените на енергенсите и ограничените буџети на граѓаните.

Неколку финти за евтино греење

Иако централното греење и електричната енергија се најчестите извори на топлина во зимскиот период, многумина бараат алтернативни начини да се стоплат, без притоа значително да ги зголемат сметките за струја.

Планирање и оптимизација на просторот

Експертите советуваат дека првиот чекор кон поекономично греење е да го оптимизирате просторот. Ова значи дека треба да се загреваат само оние простории каде што престојувате поголем дел од времето, како дневната соба и спалната соба.

„Не мора да загревате простории кои не ги користите редовно. Со тоа ќе ја намалите потрошувачката на енергија, а истовремено ќе ја задржите топлината каде што е најпотребна“, вели енергетскиот консултант Бобан Филипов.

Според него, затоплувањето на цел стан или куќа може значително да ја зголеми потрошувачката на енергија, додека фокусираното греење на само неколку простории е далеку поекономично.

Искористување на природните извори на топлина

„Природната сончева светлина е бесплатен извор на топлина и треба максимално да ја искористиме. Деновите кога има сонце, треба да ги оставите прозорците отворени за да ја впиете топлината. Со завеси и ролетни, можете да ја задржите топлината во домот дури и откако сонцето ќе зајде“, вели Филипов.

Покрај тоа, тој препорачува користење на дебели завеси и килими кои помагаат да се изолира просторот.

Завесите ги блокираат студените струења на воздухот од прозорците, а килимите го спречуваат студот кој доаѓа од подот.

Избор на економични грејни тела

Ако сепак ви е потребно дополнително греење, важно е да изберете економични грејни тела.

Филипов препорачува користење на инвертер клими, кои, според него, се најисплатливи на долг рок.
„Инвертер климите, иако на прв поглед изгледаат скапи, се всушност одлична инвестиција. Тие користат значително помалку енергија отколку класичните електрични грејни тела, а дополнително можат да се користат и за ладење во лето“, објаснува тој.

Целата статија прочитајте ја на: denar.mk
 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more