Vrabotuvanje.com - Две третини од водните површини во Европа се контаминирани со хемикалии
Share
Tweet
Share
Send to friend

Две третини од водните површини во Европа се контаминирани со хемикалии

Експертите предлагаат поскапување на водата како начин да се намали употребата.

Две третини од водните површини во Европа се контаминирани со хемикалии

Само околу една третина од површинските води во Европа се во добра состојба, според новиот извештај на Европската агенција за животна средина (ЕЕА).

Реките, езерата и крајбрежните води во Европа, како и екосистемите се „сериозно погодени од хемикалии“, се предупредува во извештајот. Загадувањето на воздухот од фабриките за јаглен и пестицидите од земјоделството се два од главните виновници.

Климатските промени, прекумерната употреба на водата и деградацијата на живеалиштата се исто така клучни закани за водните површини во Европа.

Доколку не се преземат мерки за подобрување на отпорноста и одржливоста на снабдувањето со слатка вода, Европа може да се соочи со сериозни предизвици за безбедноста на водата. Веќе 20 отсто од територијата на Европа и 30 отсто од населението се погодени од воден стрес секоја година.

Извештајот „Европската состојба на водата 2024“ исто така ја нагласува потребата за подобро управување со ризикот од поплави за да се заштитат животите, екосистемите и економијата.

Извор: „Евроњуз" 

 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more