Vrabotuvanje.com - Црна Гора ја забрани употребата на пластични кеси и пластика за еднократна употреба, казните се и до 40.000 евра
Share
Tweet
Share
Send to friend

Црна Гора ја забрани употребата на пластични кеси и пластика за еднократна употреба, казните се и до 40.000 евра

За непочитување на законската одредба се предвидени казни од 1.000 од 40.000 евра.

Црна Гора ја забрани употребата на пластични кеси и пластика за еднократна употреба, казните се и до 40.000 евра

Законот за управување со отпад стапи на сила на 20 април, а примената на поединечните одредби, вклучително и оние кои се однесуваат на пластичните кеси и пластиката за еднократна употреба, е предвидена за шест месеци од денот на стапување во сила, соопшти новинската агенција МИНА.

Според законот, забранета е употреба на лесни пластични кеси за носење, со дебелина од 15 до 50 микрометри, на продажното место на стоки или производи.

За кеси со дебелина поголема од 50 микрометри се плаќа такса од 0,03 евра.

Покрај пластичните кеси, забранети се и пластични сламки, но и пластичните прибор за јадење и одредени кутии за пакување храна.

Законот предвидува и посебни давачки за депонирање на мешан комунален отпад, бидејќи целта е да се намали депонирањето на отпадот на депониите.

Извор: „Евроњуз Србија

 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more