Vrabotuvanje.com - Аеродром во Нов Зеланд воведе ограничување за прегратки од три минути
Share
Tweet
Share
Send to friend

Аеродром во Нов Зеланд воведе ограничување за прегратки од три минути

Аеродром во Нов Зеланд воведе ограничување за прегратки од три минути

Аеродромот Дунедин во Нов Зеланд предизвика дебата ширум светот со нов знак кој ги ограничува прегратките во зоната за поаѓање на три минути, а истовремено им наложува на патниците да го користат паркингот за „посрдечно збогување“.

Директорот на аеродромот, Даниел Де Боно, говорејќи на оваа тема за новозеландското радио „РНЗ“, рече дека аеродромите се опишани како „жаришта на емоции“ и посочи на студија која сугерира дека прегратката од 20 секунди е доволна за да предизвика експлозија на „хормонот на љубов“ окситоцин, и дека побрзиот проток на патници и оние кои ги испраќаат им овозможува на повеќе луѓе да добијат повеќе прегратки.

Паркингот на аеродромот Данедин, каде што Де Боно призна дека персоналот „видел како се случуват интересни работи... со текот на годините“, дозволува бесплатна 15-минутна посета на заминување, а секое задржување подолго од тоа додатно се наплаќа.

Извор: „Евроњуз Србија

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more