Vrabotuvanje.com - Идната недела завршува мерката за замрзнување на маржите од есенската кошничка
Share
Tweet
Share
Send to friend

Идната недела завршува мерката за замрзнување на маржите од есенската кошничка

На 31 октомври завршува мерката за замрзнување на маржите на есенската кошничка.

Идната недела завршува мерката за замрзнување на маржите од есенската кошничка

Есенската кошничка беше објавена на 20 септември, и опфаќаше ориз, брашно, тестенини, масло, млеко, јогург, млечни производи, зеленчук и овошје. Владата ја донесе на предлог на Министерството за економија и труд, за кои требаше маржите да се намалат за 10 проценти., но сеапак трговците го искористија периодот пред старот на попустите и прво ги поскапеа производите, па со кошничката цените се задржаа на истото ниво.

Ако поминете низ маркетите ќе забележите дека храната е поскапена, а таа што не е, сега се продава со намалена грамажа. Граѓаните се жалат но владата веќе и не ја спомнува, ниту пак најавува друга кошница со поевтини производи.. Економистите сметаат дека ограничената маржа е краткорочна, неефикасна и непазарна мерка. Инспекторите тврдат дека досега изрекле казни за маркети низ цела држава, во вредност од 70.000 евра.

-Кога ќе им најавите на трговците какви мерки планирате да примените, тие всушност ги покачуваат цените, а во случајов Владата и немаше намера реално да удри по нивниот џеб, туку под притисок на јавноста само одглуми дека прави нешто и дека ќе поевтинат цените со „есенската кошничка“, вели за Рацин.мк универзитетскиот професор Ванчо Узунов.

-Граѓаните не го почувствуваа поевтинувањето со есенската кошничка, но и веќе никој не ја спомнува од власта, како да е тоа завршена работа, додека пак ефектите од Законот за нефер практики треба да се почувствуваат за неколку месеци, но потребни се и сериозни контроли, додава тој.
 

На тој начин, како што оценуваат од ССМ, трговците си осигуруваат зголемени цени на производите во наредниот период кога во сила ќе биде владината одлука за ограничени маржи, на штета на граѓаните.

Извор:„Рацин.мк

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more