СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 24 октомври (четврток) поради официјалната посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ќе биде воведен посебен режим на сообраќајот во поширокото централно подрачје на градот.
Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за регулирање на сообраќајот, што може да предизвика привремени затворања или промени во правецот на движење на возилата. СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници и да бидат внимателни во текот на денот.