Vrabotuvanje.com - За основен живот во Македонија потребни се 61.249,00 денари
Share
Tweet
Share
Send to friend

За основен живот во Македонија потребни се 61.249,00 денари

Сојузот на синдикатите на Македонија(ССМ) ја пресмета вредноста на синдикалната минимална кошница за месец октомври 2024 година. За едно четиричлено семејство да може основно да живее му се потребни 61 249,00 денари, и споредена со месец септември е пониска за само 57 денари.

За основен живот во Македонија потребни се 61.249,00 денари

Доколку се изнајмува стан од 60 м2, за октомври кошницата изнесува 76.624,00 денари.

Според првиот човек на ССМ, Слободан Трендафилов, иако мерката на Владата за ограничување на висината на маржите даде дел од посакуваниот резултат, алчноста на трговците е поголема и државата под итно треба да ги заузда.

ССМ бараат Владата да ги вклучи при креирање на мерките за тие да бидат подобри, и дека потребни се поголеми контроли, а доколку е потребно и казни за несовесните трговци кои се богатат на грбот на работниците и граѓаните.

Извор: denar.mk

 
 
 
 
 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more